fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сончево со мала облачност и слаб ветер од северозападен правец

До недела времето ќе биде стабилно со пораст на температурата на воздухот.

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје,  сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 7, а дневната ќе достигне до 24 степени.

До недела времето ќе биде стабилно со пораст на температурата на воздухот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close