Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Директорката Даниела Иротова испраќа целосен одговор до сточарите околу исплатата на субвенциите
ПРОЧИТАЈ - која е вистината, зошто дел од сточарите не зедоа субвенции
1.Кога се планира остатокот од сточарите (кои НЕ добија исплата на субвенции за 2024) да бидат исплатени и зошто истите не беа опфатени со првата исплата на 22.12.2025 година?
За колкав број на сточари станува збор кои што не беа опфатени со последната исплата?
Даниела Иротова, директор на Платежната агенција одговара за Зелена берза:
– Вкупно сточари кои имаат поднесено единствено барање за субвенции за 2024 година се 2440. Сите овие 2240 се исплатени за основната мерка во висина од 30% авансна исплата од 600 денари. Останати 70% од висината на подршката до 2000 денари или 1400 денари, се исплатени на 1211 сточари кои согласно условите дадени во мерката имаат предадено 50% од јагнето во кланични капацитети.
Врз основа на реакците кои се доставени до Агенцијата направивме целосен увид во поднесените барања за 2024 година и состојбата е следна:
Сточари кои не ги исполниле условите од мерката се 1219.
695 сточари од овие 1219, немаат воoпшто ниту едно јагне предадено во кланични капацитети.
Кај 472 сточари разликата е поголема од 15 јагниња или не достигнува ни 20% предадено во кланични капацитети, а 54 сточари се во групата која за исполнување на условот од 50% им фалат од 1 до 12 јагниња или во проценти е од 1% до 20%.
Оваа мерка е креирана во програмата која е донесена во jануари 2024 година, и истата со аплицирање е завршена во јули 2024 година.
Мерката гласи 30% или 600 денари се исплаќа рандум за секое грло стока што е пријавено во единственото барање а останaтите средства се исплаќаат доколку земјоделецот го исполнил условот од мерката каде се бара задолжително да има предадено јагне во кланични капацитети и тоа 50% од вкупната бројка пријавена во основното барање. Само тие ќе го остварат правото за добивање на субвенција од 1400 денари или останатите 70%.
Револтот на определена група сточари е оправдан, бидејќи во 2024 година кога се определил тој процент од 50% не се земени во предвид многу работи со кои се соочуват сточарите и тоа во единственото барање сточарите имаат пријавено грла стока кои се помлади од 12 месеци и истите не можат да влезат во групата за репродукција, има сточари на кои од определена болест или било која друга причина им се намалил бројот на стадото и за да ја надополнат бројката си оставиле јагниња за обнова на стадо и многу вакви слични ситуации кои не се земени во предвид при креирање на мерката која е крајно неповолна за развој на оваа дејност во земјоделието.
Имајќи во предвид дека ние како Агенција сме само имплементаторно тело на мерките кои се креирани од Министерство не сме во можност да ја земеме во предвид оваа фактичка состојба иако сме свесни дека таа група на сточари се во право.
Денес на иницијатива на Сојузот на сточарите се реализираше средба со претседателството на Сојузот во Агенцијата, каде ги разгледавме сите случаи и членовите на Сојузот се информираа за состојбата и статусот на сите сточари кои не се исплатени, односно во моментот не исполнуваат услови за исплата. Ние како Агенција ги имаме изработено предметите и доколку се најде правен основ од страна на Министерството за креирање на дополнителна мерка во програмата за 2026 година може за многу краток рок да излеземе во пресрет и да реализираме постапка за исплата.
На членовите на Сојузот кои денес беа во Агенцијата јасно им нагласивме дека ја имаат нашата поддршка во нивните активности и реално треба сите заедно со Министерството да најдеме законско ршение како да им помогнеме на оваа категорија на земјоделци каде нормално има и исклучоци, но барем за тие што се во ред и во рамки на реални оправдани неможности за остварување на овој процент да најдеме начин да ги исплатиме.
Ги упативме да го пренесат проблемот во Министерството и да се најде заедничко решение како да им помогнеме на овие земјоделци – сточари кои чесно си ја вршеле својата работа
Агенцијата не може да ги менува условите таа е имплементатор на мерките, а креатор на политиките и мерките е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Само информативно за 2025 година процентот беше намален на 30% како услов за предадено јагне во кланични капацитети да по долги разговори со сточарите и согледувајќи го нивниот реален проблем овој услов е целосно тргнат за програмата за 2025 година.
3. Предвидена ли е финансиска поддршка во блиска иднина и за органското земјоделско производство за 2023 и 2024 година?
Иротова одговара:
-За мерката органско производство за 2023, состојбата е слична како и со претходната мерка за сточарите така што во мерката за органско производство на јагне за 2023 се исплатени 300 денари по грло на сите кои имат поднесено барање за органско или 30% од вкупната висина на поддршката, а останатите 700 денари или 70% Агенцијата нема можност да ги исплати затоа што им е ставен услов да донесат документ од кланица регистрирана за колење на органско јагне и дека имаат предадено во таа кланица заклано органско јагне.
Ниту едн од сточарите не го исполнува и не може да го исполни овој услов, прво затоа што не постои сертифицирана кланица за органско во која сточарите би можеле да носат органски јагниња и со тоа не може да им се издаде документ за предадено органско јагне.
За 2024 година мерката е иста како за 2023 година, при што Агенцијата ги обработи предметите и се пуштени налози во трезорот за исплата на сертификатите за органско и согласно мерката можеме да исплатиме само 300 денари за пријавени грла органско останатите 700 денари повторно нема можност да се исплатат затоа што до денес не постои регистрирана кланица за колење на органско јагне.
Со почит,
Даниела Иротова Лазарева
В.Д. Директор на АФПЗРР



