Вечерва по полноќ ќе има мало поевтинување на бензините и покачување на цената на дизел горивото, на нафтата за домаќинствата, како и на мазутот.
Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цената на бензинот од 98 октани ќе се намали за 1 денар по литар, додека на бензинот од 95 октани за половина денар. Дизелот ќе поскапи за 1,5 денари за литар, додека цената на екстра лесното гориво (нафтата за домаќинствата) ќе се зголеми за 1 денар. Мазутот ќе поскапи за 0,039 денари по килограм.
Новите максимални цени на горивата во малопродажбата ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 87,00 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 89,00 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 81,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,064 (денари/килограм)