fbpx
Вести

Здружување на производителите и популаризација на домашното производство

komora

Популаризација на домашното производство и здружување на производителите- ова според Стопанската комора на Македонија, може да обезбеди подобар квалитет и зголемен извоз. Се советува активно да се користи Агро-берзата…

Доколку сакаме зголемување на соработката меѓу туристичкиот сектор и земјоделските производители е препорачливо да ги користиме добрите словенечки, црногорски и други искуства од регионот. Словенците имаат систем „3Ц“, а црногорците „3К“ кои резултираат со повеќекратно зголемување на додадената вредност на домашните земјоделски производи, кои преку туризмот завршуваат надвор од националните граници.

„Словенците имаат направено систем на невладини организации. Тоа е модел преку кој и Македонија може да се препознае. Тие успеваат да дадат голема додадена вредност на домашните производи кои нашите угостителски и туристички работници ќе ги претстават во форма на сувенири, мали пакувања со атрактивни амбалажи со цел дегустација на македонска храна, која како нешто автентично, би го понеле од Македонија како туристичка атракција“, изјави Даниела Михајловска-Василевска, Стопанска комора на Македонија.

Лани само во летните месеци македонските производители на земјоделско – прехранбени производи извезле во земјите на цефта стоки вредни 155 милиони долари, односно ¾ од вкупниот годишен извоз во овој регион. Засега нема информации дека македонски производители имаат конкретен договор со некој странски хотелски синџир за извоз на наша храна, велат од Стопанската комора. Стратегијата за развој на руралниот туризам дава скромни ефекти и се препорачува подобро искористување на европските фондови.

„Мерката 302 за развој на руралниот туризам е најдобро решение, како и одредени фондови кои што би требало да се воспостават, дали од државата или ќе се земат средства од ЕУ, ќе бидат најдобро решение за развој на агро секторот, односно сегментот од Аграрот за кој веќе зборуваме и негово поврзување со туризмот кај нас“, изјави Васко Ристовски, Здружение за земјоделство.

Потребна е популаризација на домашното производство, здружување на производителите за да се обезбеди подобар квалитет на производите, како и подобро користење на моделот на Агроберза. Комбинацијата на гастрономска понуда и викенд туризмот дава одлични финансиски ефекти во Хрватска и моделот може да се приспособи и кај нас, велат од Стопанската комора. Секторот туризам учествува со 22% во БДП на Црна Гора, со 12,5 во Хрватска, а кај нас со само 2,4%.


 

мртв

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close