До 15 јуни се поднесуваат барања за субвенции за предадено млеко

(Oвој напис е објавен на: June 7, 2019)

 

Се  известуваат сите млеко производители дека  започна поднесувањето  на барања за субвенции за млеко, втора фаза, за месеците  јануари, февруари, март и април 2019 од програмата за директни плаќања за предадено  кравјо, овчо и козјо млеко.

Барањата треба  за млеко може да ги поднесат во ПЕ на Министерството за земјоделство шумарство и водо стопанство во  Битола и во дисперзираните канцеларии во општините Новаци и Могила.

Рокот за поднесување трае до 15 јуни, информираат од ПЕ МЗШВ Битола.

Share Button