fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Кои се добрите работи во нашето земјоделие, а кои се пропустите

„Македонија е подобра од европскиот просек во однос на намалената употреба на ѓубрива и пестициди, има задоволувачки широкопојасен интернет – покриеност во руралните средини, намалена е емисијата на стакленички гасови“. Но во извештајот на Светската банка за македонското земјоделство исто така се констатира дека „во однос на органското производство, диверзитетот и заштитените подрачја“ Македонија „сѐ уште не е на задоволително ниво“.

Во најновиот извештај на Светската банка за македонското земјоделство се констатира дека „Македонија е подобра од европскиот просек во однос на намалената употреба на ѓубрива и пестициди, има задоволувачки широкопојасен интернет – покриеност во руралните средини, намалена е емисијата на стакленички гасови“.
Но во извештајот на Светската банка за македонското земјоделство исто така се констатира дека „во однос на органското производство, диверзитетот и заштитените подрачја“ Македонија „сѐ уште не е на задоволително ниво“.

Ограниченост во знаењето, претприемаштвото и во финансиите

Во најновата анализа, која е со наслов „Зелен раст во секторот земјоделство во Македонија“, се укажува дека фармерите во земјава имаат ограничени претприемачки способности и технички познавања, а ограничени се и финансиски, што ја лимитира нивната ликвидност за инвестиции и раст.
Светската банка препорачува Македонија да ги усогласи политиките за развој на земјоделскиот сектор за да се приближи кон целите на Европскиот зелен договор, да ја синхронизира државната поддршка со европското аки, да ги отстрани бариерите и да креира услови за развој на органско земјоделство, како и на органските фармери да им овозможи подобар пристап до пазарот.
На вчерашната презентација на извештајот во Скопје беше истакната потребата од усвојувањето на паметните практики од страна на агробизнисите и фармерите за да се овозможи континуиран пристап до ЕУ-пазарите и европските фондови, но и за да се зголеми отпорноста на земјоделскиот сектор, особено кон климатските промени.

Македонија, сепак, со големи амбиции за земјоделско- прехранбениот сектор

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој имаше воведно обраќање на настанот, рече дека ваквите извештаи ги одразуваат амбициите на Македонија за зелен раст, потребите за структурни реформи, мерките за заштита од влијанието на климатските промени, усогласувањето на стандардите за безбедност на храна со европските стандарди, контролираната употреба на пестициди и ѓубрива, како и можностите за дигитална трансформација.
Во однос на квалитетот на ѓубривата и начинот како тие и пестицидите се користат, Светската банка констатира дека земјоделците не се потпираат многу на експертски информации, како и дека е слаб административниот капацитет за следење, анализа и давање совети.
– Напредокот во органското земјоделство е бавен, има ограничена поврзаност меѓу производителите и обработувачите, а и пристапот до пазарите не е многу лесен. Кај употребата на ѓубрива видлив е падот, односно намаленото користење, кое е недалеку од целта за 2030 година, додека кај пестицидите има нејаснотии околу недостапноста на податоците, но се чини дека земјата и по овој параметар е подобра од просекот на ЕУ. Сепак, само пет-10 отсто од земјоделците ја документираат употребата на ѓубрива, а повеќето користат ѓубрива без анализа на почвата. Во однос на примената на пестицидите, потребен е подобар советодавен и построг инспекциски систем – рече Деметрис Псалтопулос, виш експерт за земјоделска политика во Светската банка.
Според Силвиа Маури, виш специјалист за земјоделство при секторот за земјоделство и храна на Светската банка, Македонија треба да воспостави транзиција кон зазеленување.https://novamakedonija.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close