До 20 милиони денари за квалитетни проекти на руралните општини

(Oвој напис е објавен на: July 3, 2018)

Откако дел од руралните општини се пожалија дека не добиле ниту еден проект од програмата за рурален развој, од Платежната агенција објаснуваат дека ова се должи на бодувањето за секој предлог проект пред да се изберат најдобрите. Затоа, велат дека за новата програма подобро ги информирале руралните средини со цел да се изработат подобри проекти што би им биле одобрени. Се надеваат дека на овој начин на младите ќе им овозможат услови да останат и да работат во своето родно место.

Со проекти до 20 милиони денари за подобрување на условите за живот, обнова и развој на селата и зачувување и унапредување на традиционалните вредности, од Владата велат дека ќе се обидат да обезбедат достоинствен живот за граѓаните од сите општини.

Една општина ќе може да аплицира за најмногу три проекти или по еден за секоја од мерките. Повикот ќе трае до 31 август.


 

тв21тв