
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Денес наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и температура до 37 степени
Четврток и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Четврток и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температурата ќе биде во пораст.





