fbpx
ВестиТоп вести

До 25 декември е рокот за поднесување  барања за финансисак поддршка за произведени и предадени градинарски и овошни култури

До 25 декември е рокот до кога земјоделците треба да поднесат барање за финансиска поддршка на произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети. До овој рок производителите треба да обезбедат потврда за откупени земјоделски производи издадена од страна на регистрираниот преработувачки капацитет.

Во редакцијата на Зелена берза  се обратија производители на градинарски култури со реакција дека на потврдата што ја добиваат од откупните центри за предадени  количини на пипер, не се поклопува бројот на предадени количини со онаа во потврдата. Земјоделците, кои сакаа да останат анонимни,  велат дека кај различни откупни центри различно се реагира. За ова информирале и во земјоделскиот инспекторат, но оттаму им било речено дека ова било практика и во минатото и дека не може  ништо да се стори.

Во врска со овие реакции Зелена берза се обрати до земјоделскиот инспекторат. Оттаму посочуваат дека во Програмата за финансиска поддршка е јасно посочено дека субвенции од 3ден/кг може да се добие само за преработени количини. Субвенции не следуваат за предадени количини кои одат за извоз, туку само за оние количини  што ги преработува регистрираниот преработувачки капацитет.

Барањата за финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат во подрачните едниници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до 25 декември 2018 година. Потребните документи се објавени во Упатството за корисници и истото може да се превземе од веб страната на Агенцијата на следната адреса: www.ipardpa.gov.mk во делот „Директни плаќања 2018“, „Упатства за корисници“.

Павлина Јовановска

Слични написи

Back to top button
Close