fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Земјоделството трпи штети од временските промени

Зијафет Асаноски, производител од село Црнилиште, Долнени смета дека количествата не се во прашање, туку квалитетот на произведеното.

Екстремните временски услови годинава со долги дождливи периоди и екстремни жештини, влијаат на целокупното земјоделско производство. Не многу на количествата, колку на квалитетот на производството и ако продолжат промените и наредните години, ќе се намали производството на храна. Ова го забележуваат и производителите и агрономите.

Зијафет Асаноски, производител од село Црнилиште, Долнени смета дека количествата не се во прашање, туку квалитетот на произведеното.

– Имам 20 декари или 2 хектари со пченица. Квалитетот е прилично слаб, зашто времето беше дождливо, па потоа жешко. Има недостиг од нешто за родот, ама не знаеме што. Количински добро, ама квалитетот е слаб. И не е само со пченицата. Влијае и на јачменот, на пченката, на тутунот, на сите култури. Ако продолжи вака со времето, тоа секако ќе влијае на производството. Освен тоа цената на пченицата е ниска. Цената се движи 9, 10, 11 денари. Климатските промени влијаат на сите култури, не само на пченицата, објаснува Асаноски.

Горан Томески агроном, советник во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството вели дека поради дождовите, доцнеа пролетните работи, беше опасност. Во моментов нема голем проблем со приносите на пченицата кои се движат од 3 000 до 4000 или 4 5000 килограми од хектар, што дава гаранција дека има добро производство. Голем проблем е ниската цена на пченицата што за производителите делува дестимулациски.

– Покрај сите овие мерки што ги имаме и како Агенција и како Министерство за земјоделство, сметам дека оваа откупна цена е многу ниска, што е лош сигнал за наредниот период зашто планираме, вообичаено, дека и треба да се заработи. Има помош од 3 денари од Министерството кое колку толку треба да даде стимул, но ваквата ситуација не е во прилог на натамошно производство.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close