fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

До 31 јули 2024 година продолжен рокот за аплицирање за субвенции

Рокот за аплицирање за субвенции за основните мерки за растително и сточарско производство се продолжува за период од 1 месец

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го продолжи рокот за аплицирање за субвенции за 2024 година, за да излезе во пресрет на земјоделците кои до денес сѐ уште го немаат остварено своето право за поднесување на апликација за субвенции.

Согласно Одлуката на Влада од првата седница, рокот за аплицирање за субвенции за основните мерки за растително и сточарско производство се продолжува за период од 1 месец, односно крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции од Програмата за директни плаќања за 2024 година е 31 јули 2024 година.

„Ги повикуваме сите земјоделци кои го немаат реализирано оваа право, доколку не можат сами да креираат апликации да се јават во Подрачните единици на МЗШВ каде од страна на вработените ќе им биде креирана и поднесена апликацијата или самостојно да си поднесат апликација за субвенции за 2024 година согласно Програмата и Уредбата за директни плаќања за 2024 година“, соопштуваат од МЗШВ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close