
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
До четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд
МЕТЕО АЛАРМ: Денес особено во источните и јужните делови ќе биде нестабилно со поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м²), грмежи и засилен ветер.30.03.2025 год.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м²).
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно, особено во попладневните часови, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м²), грмежи и засилен ветер. Стабилизирање на времето ќе има во петок.
