Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
До четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди
Од петок следува период на стабилно време
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До четврток времето ќе биде промелниво облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Потоа следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура.
ВРЕМЕТО денес: Сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје, сончево време со мала до умерена облачност. Пополадне во делови од котлината ќе има услови за повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.





