вести

Зимницата е луксуз годинава – цените на пазарите значително зголемени

SAMSUNG

Годинава ајварот е луксуз за граѓаните. Во екот на сезоната за зимници, пиперката ајварка на пазарите се продава по 60 денари килограм. Доматите чинат 80, 100, па дури и 130 денари за килограм. Граѓаните се жалат дека годинава ќе останат без домашен ајвар.

Пазарџиите објаснуваат дека сезонава зеленчукот е поскап од вообичаено бидејќи временските неприлики го преполовиле родот.

И купувачите и пазарџиите велат дека за само неколку дена цената на пиперките двојно се зголеми. Претходно ајварката се продаваше по просечна цена од 30 денари за килограм.

 

sitel

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close