fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

До крајот на 2026 година ќе се вози по новиот автопат Кичево- Охрид, пак вети Николоски

Зборот ќе го држиме и до крај на 2026 година ќе имате функционален автопат Охрид Кичево“ кажа Николоски

Во интервју за неделникот Фокус, Александар Николоски вицепремиер и министер за транспорт истакна дeека до крајот на 2026 година граѓаните ќе возат по новиот автопат Кичево-Охрид.

„Има бројни проблеми, но реков дека нема да ја заморувам јавноста со проблеми, зашто јавноста е уморна од изговори, но она што може да го кажам дека зборот ќе го држиме и до крај на 2026 година ќе имате функционален автопат Охрид Кичево“ кажа Николоски а во однос на  техничкото решение за проблемот со т.н. косини истакна:

 „Во однос на косините, се соочуваме со неколку проблеми. Се работи за исклучитечно тежок планински терен. Ние сакаме да ја претставуваме Македонија како земјоделска држава, но 80 проценти се планини кога ќе ја видите мапата. И се работи за земјиште што не одговара на она што се класични геолошки стандарди за изградба на автопат“ кажа Николоски.

Николоски во однос на тоа зошто не се направени геолошки истражувања кога се проектирала трасата рече:

„Е тоа е вториот проблем. Направени се многу грешки во проектирањето, но направени се грешки и во изведбата. Јас сега ги барам решенијата и ќе го решиме проблемот. Тоа што го кажав на охридски сега ќе го кажам литературно  што ќе правиме ќе правиме, но до крај на 2026 година ќе имаме функционален автопат“ потенцира Николоски.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close