fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

До крајот на месецот ќе има нови исплати на субвенции за земјоделците кои се во трезорот на Министерството за финансии

Трипуновски: До денеска, вклучувајќи ја последната исплата од над 340 милиони денари, исплатени се над 9 милијарди денари за заостанати и тековни обврски

„Со последната исплата која се направи кон одгледувачите на крави, каде што се исплатија над 340 милиони денари, доаѓаме до вкупна бројка на исплатени заостанати и тековни обврски од над 9 милијарди денари”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во своето интервју дадено за Радио Слободна Европа.

 

„Тоа е сериозна сума пари со која Владата, премиерот и Министерството праќаат јасен сигнал за приоритетите во земјоделскиот сектор”, појасни министерот.

 

Тој посочи дека до крајот на месецов сигурно ќе следат и останатите исплати, кои се наоѓаат во трезорот на Министерството за финансии.

 

„Продолжуваме со посветеност и навремена исплата на субвенции кон земјоделците”, додаде министерот Трипуновски.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close