fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Долговите ќе застаруваат и казнените камати нема да се трупаат бесконечно дури по изборите

Во Собранието во подготовка се нови измени на Законот за облигациони односи со кои ова ќе се однесува и на казнената камата, а исто така ќе се предвиди и застарување на долг

Со нови измени на Законот за облигациони односи што се подготвуваат во Собранието граѓаните треба навистина да се ослободат од должничкото ропство.

Денеска стапуваат во сила дополнувањата на тој Закон донесени во втората половина на минатиот месец со кои договорната камата на долговите за струја, вода, парно, кон банките и други престанува да тече кога ќе ја достигне висината на главните долг.

Предлагач на оваа новина што ја изгласаа речиси сите пратеници беше пратеничката група на СДСМ, а како што вели за весникот ВЕЧЕР нејзиниот координатор Јован Митревски, сега подготвуваат нови измени со кои ќе се опфати и казнената камата, а ќе се предвиди и рок во кој ќе застарува долгот.

-Претходните измени се објавени во Службен весник и од денеска се во примена. Новите што ги подготвуваме освен договорната ќе ја опфатат и казнената камата. Исто така, ќе се предвиди и рок за застарување на долгот. Треба да се направат уште неколку консултации со синдикатите, извршителите и други, изјави Митревски за весникот ВЕЧЕР.

Тој појасни дека според сегашното решение во Законот за облигациони односи долгот застарува ако не дојде кај извршител во рок од 10 години. Се предлага тој рок да се скрати.

-Сè уште не е дефинирано во кој рок би застарувал долгот. Ние предлагаме застарување во рок од пет, наместо сегашните 10 години. Но, околу тоа треба уште да се консултираме со извршителите, вели Митревски.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close