fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

До крајот на минатата недела откупени 40 милиони килограми пченица

Цената за прва и втора категорија – 12 денари , за трета – 11 денари и нормално, за некоја што е со екстра слаб квалитет ќе биде пониско од тоа, вели министерот.

„Контролите коишто ги правиме на терен продолжуваат од земјоделскиот инспекторат. Согласно квалитетот и она што е дефинирано како цена останува истото, за прва и втора категорија – 12 денари , за трета – 11 денари и нормално, за некоја што е со екстра слаб квалитет ќе биде пониско од тоа. Она што досега се информации коишто ми се пласирани од страна на инспекторатот, откупени се 40 милиони килограми, најголем дел е во прва категорија и втора категорија и има нешто што е со послаб квалитет. Она што е наша заложба, практично и со контролите што ги правиме секојдневно е да биде платет родот согласно квалитетот. Она што е за прва и за втора да биде платено, она што нешто пониска категорија, бидејќи се зависи од примената агротехника, прихрана и ѓубрењето, да биде платено согласно класата и така ќе биде до последниот ден на спроведување на жетвата од оваа година“ изјави министерот за земјоделие Цветан Трипуновски, кој во петокот беше на отворањето на „Фестивалот на жетвата“ во Новаци, пренесе Тера.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close