fbpx
Вести

Закана од поплави во кочанскиот регион

Зголемениот доток на Брегалница повторно им создава проблеми на земјоделците во кочанскиот регион. Најкритична е состојбата во атарот на селото Прибачево каде реката го проби земјениот насип и однесе поголеми површини првокласно земјоделско земјиште засеано со ориз.

zakana od poplavi vo kochanskiot region

 

– Околу 10 хектари ориз е однесено, тука кај нас е највеќе однесено и патот е однесен, што е најбитна работа, од селото нема каде да се поминува нагоре, а таму има доста ниви, нивите се однесени, самите гледате. Па, ние бараме нешто од Влада, од кризен штаб да ни помогнат реката да се санира, инаку постепено носи и ќе ги однесе и нивите, ќе го однесе и селото, рече Раде Стојчевски, земјоделец.
Увид во состојбата на теренот веќе направиле надлежните од Дирекцијата за заштита и спасување и од Центарот за управување со кризи, а во подружницата на водостопанското претпријатие во Кочани очекуваат нивото на Брегалница и понатаму да расте.
– Очекуваме поголем бран на вода, бидејќи од синоќешните врнежи на дожд, во Малешевијата и Берово, дури сега очекуваме таа вода да надојде, браната Калиманци веќе треба да е на прелив, што значи дека Брегалница допрва надоаѓа, рече Никола Гоцев, директор на водостопанска подружница “Брегалница“ – Кочани.
Земјоделците и жителите од Прибачево бараат Дирекцијата за заштита и спасување итно да обезбеди дополнителни количини нафта за механизацијата што ќе го санира оштетениот насип. Се надеваат дека така ќе спасат од повторување на поплавите што веќе им се случија минатата година.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close