fbpx
ВестиВкусот на традицијатаМакедонијаТоп вести

Ковид-19 ја зголеми цената на пченицата на 14 и 15 денари за килограм

Кризата предизвиканата од Ковид-19 ја зголеми цената на пченицата која претходно се движеше од 11 до 13 денари за килограм, а сега е меѓу 14 и 15 денари со тенденција и натаму да бележи раст. Но, ова не се случува само кај нас, туку е тренд секаде во светот.

Кризата предизвиканата од Ковид-19 ја зголеми цената на пченицата која претходно се движеше од 11 до 13 денари за килограм, а сега е меѓу 14 и 15 денари со тенденција и натаму да бележи раст. Но, ова не се случува само кај нас, туку е тренд секаде во светот.

Ќе јадеме ли поскап леб? Ќе купуваме ли поскапа храна? Овие прашање се наметнуваат зашто и по 10 изминати месеци ништо не е извесно – до кога ќе трае околу пандемијата и колку „разорно“ ќе влијае врз стопанството.

Малничарите велат дека досега поскапувања на лебот и пецивата немаше, но како ќе биде понатаму, дали ќе има евентуално некакви промени, не може да се каже со сигурост.

-Со оглед дека генерално целата ситуација со Ковид-от е неизвесна, не се исклучува ништо, се е можно, па и промена на цените. Многу ќе зависи какви ќе бидат увозните цени, понудите, вели за МИА претседателот на Здружението на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора на Македонија, Горан Малишиќ.

Според него, поскапувањето на пченицата трае во континуитет веќе неколку месеци зашто побарувачката поради корона кризата е зголемена.

-Земјите во светот почнаа да си ги зголемуваат залихите на пченица, а Русија стави и данок на извоз на пченицата. Сите стравуваат дали ќе имаат доволно храна. Цената засега е стабилна. Ако сега увезуваме од Србија, пченицата чини околу 13,5 денари за килограм, со вкупни трошоци. Пред два месеца беше 12 денари, потоа се зголеми на 14,5 денари кога всушност беше и пикот, а сега е повторно намалена за денар, вели Малишиќ.

На пазарот, додава, нема зголемување зашто Србите имаат вишок производство поради што ја држат непроменета цената на брашното како во времето на жетвата. Домашното жито, пак, кое во жетвата беше меѓу 10,5 – 11 денари, достигна максимум 12,5 денари. Тогаш од Србија се увезуваше за најмногу 12 денари, а цената на брашното (обичното, тип 500), беше 15,5 – 16 денари

-Цело време додека се качува цената на пченицата во светот и во Србија, Србите брашното ни го продаваат за 14 денари колку што чинеше пченицата кај нас, нормално со несоодветно деклариран квалитет. Тие практично, ја држат цената долу и затоа нашите мелници работат со само 20 отсто или ни толку, објаснува Малишиќ.

Според претседателот на Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори (ССК), Огнен Оровчанец, на светските брзи цената на тон пченица бележи зголемување и се движи меѓу 190 до 210 евра. Раст бележи и цената на добиточното брашно.

https://nezavisen.mk/kje-ja-zgolemi-li-kovid-cenata-na-hranata-kje-jademe-li-poskap-leb/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close