fbpx
Вести

Доаѓа време на е-земјоделие

Доаѓа време на е-земјоделие кое подразбира развој, евалуација и спроведување иновативни начини за користење ИКТ (Информатичко – комуникациски технологии) во руралните средини со фокус на земјоделството“ ова го најави претседателот на Управниот одбор на МАСИТ Стефан Плавјански на отварање на конференцијата на тема „ИКТ во Агробизнис” во организација на МАСИТ – ИКТ Стопанската комора.

budget-luxury-patio-furniture-set-m9kHK

 

 

 

Заеднички заклучок на сите учесници на конференцијата е дека примената на компјутерите, иновативните технологии, електронските системи и дигиталните платформи се основа за современо, конкурентно земјоделство. Според нив: земјоделците само ако располагаат со навремени, точни информации , ќе знаат што точно да преземат и какви одлуки да донесат за поголемо производство и сигурен пласман.

Според ФАО до 2050 година во светот ќе има околу девет милијарди луѓе што ќе значи многу поголема потреба од производство на храна, а ресурсите се се помали. За надминување на ваквите предизвици, заклучија учесниците на конференцијата, ИКТ се едно од можните решенија.

hay_bales_agriculture_summer_4890_1920x1080

 

Фармерот е пред се претприемач. Според Благоја Муканов директор за бизнис развој во Даталаб за воопшто да се разбере оваа тема прво треба да се надминат стереотипите и да се сфати дека фармерот е пред се претприемач, а дека пазарот за земјоделските производи постојано ќе се зголемува адекватно на зголемувањето на бројот на население. Поради овие два фактори според него во земјоделието примена ќе наоѓаат сите сектори, а меѓу нив и ИКТ.

arton2781

„Сведоци сме на се повеќе суши, вируси и слични катастрофи. Поради сето ова и поради се поограничените ресурси на обработлива земја, земјоделството во иднина единствено ќе може и мора да се потпре на современите технологии. Ние од ИКТ секторот ќе мора да помогнеме во областа како намалување на трошоците и подигање на додадената вредност во овој сектор. Но покрај ова ИКТ наоѓа примена во сите дванаесет фази од земјоделското производство, преработка и продажба. Секако тоа не може да се направи со голи софтверски решенија како што сме научени досега, туку треба пред фармерите да излеземе со практично применлив производ како комбинација од повеќе технологии“.

Според Муканов за ова да се реализира не е доволна иницијатива само од приватниот сектор туку соработка со државата по принципот на јавно приватно партнерство.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close