fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Облачно и дожд во поголемиот дел од земјава

И утре ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Во поголемиот дел од земјата, освен на крајниот југ, ќе има слаб до умерен дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен до краткотрајно засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен.

И утре ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо, ќе дува засилен северен ветер (и над 70 км/ч) кој ќе биде најизразен долж Повардарието. За време на викендот ќе биде претежно сончево и топло со послаб јужен ветер.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close