вестиСоветиТоп вести

Добра заработувачка се крие и во малите тегли

Преработено и спакувано во добро и атрактивно пакување, овошјето лесно го наоѓа патот до купувачот. Во тоа се увериле и овоштарите од регионот на Ваљево, кои, покрај свежите малини, исто така продаваат слива, рибизла преработени во форма на слатки, сокови, џемови и разни видови ликери. Во текот на годината, тие продаваат десетици помали или поголеми тегли и шишиња, а се тоа го произведуваат на стариот начин, главно покрај шпоретот на дрва.

Дека заработката се крие и во малите тегли, ни потврдија и на Саемоt за овоштарство, кој за првпат оваа година се одржа во Ваљево на 17 и 18 март, на економијата на Земјоделската школа соУченичкиот дом “Ваљево”.

Максимовичи од Бранковина на речиси два хектари одгледуваат малина, јагода, слива, боровинка. Дел од родот на пазарот оди во свежа состојба, а остатокот Билјана, која ја затекнавме на саемот, го преработува во сокови и слатко.

“Со пласманот на оваа роба немаме никакви проблеми. Сè што се произведува може лесно да се продаде и да се постигне повисока цена за разлика од случајот со свежото овошје. Во моментов, добра цена се постигнува за боровинките, кои ги произведуваме наоколу 40 ари, поради што планираме да ја прошириме површината под ова овошје. Минатата година, приносот беше околу еден тон, а за килограм од ова овошје се добиваат 600 динари “, вели Билјана.

Задоволна е и Вера Лукиќ. Вели “потребно е само да се има пазар и нема проблеми”.Таа го открила во Белград, а нас ни покажува само еден дел од она што го произведува. Тука е и слатка и солена програма, од зимница до цеден сок од аронија. Годишно,во различни форми ги преработува овошјето и зеленчукот, за околу 5.000 тегли и шишиња.

Пресметката ја пронајде и Ката Лукиќ од селото Лопатањ. Под овошје имаат приближно пет хектари. Околу 60% од родот на малини, капини, цреши, вишни и сливи, Ката и нејзината свекрва ги преработуваат, а потоа ги продаваат во текот на целата година.

“Минатата година беше лош откупот на капини, но не дозволивме да пропаднат, па од нив направив сок, ликер, вино, слатко, џем. Така, ако овошјето не е продадено во свежа состојба, може да се преработи и секогаш имаш заработка. Мислам дека цените се прифатливи, слаткото е 400 динари, џемот 250, ликерот 500, така што можеме да се вклопиме и ние и потрошувачите. Проблемот е со работната сила, бидејќи тешко може се да се постигне во летниот период кога е неопходно да се бере овошјето, а исто така и да се преработува. Размислувам за проширување на производството и ангажирање на работниците, но за тоа, потоа. Засега сме задоволни “, раскажува Ката.

Инаку, дводневниот саем за овошје, организиран од градот Ваљево, компанијата “Агроразвој-Ваљевска долина”, Земјоделската школа и РССС Ваљево, собра на едно место 50 изложувачи, а покрај изложбата на производи од овошје, садници, механизација, посетителите можеа да присуствуваат на предавања од областа на овоштарството, показни вежби, бидејќи идејата на организаторите беше “Саемот да не биде само изложбен, туку како да се постигне проширување на суровинската база, како до повеќе хектари под овошје, како и да им се помогне на оние кои сакаат да влезат во овој бизнис”.

“Ваљево беше центар на производство на овошје, но мислам дека градот и овој регион во последно време не ја следеа модерната технологија во производството на овошје. Овој крај има одлични агро-еколошки услови за производство, но неопходно е да се подигнат интензивни насади со противградни мрежи, системи за наводнување, со воведување нови сорти, каде што ќе се оди кон зголемување на приносот и на едно сигурно производство. Ова не е добар регион само за производство на сливи, туку и за останатите видови овошје: јагоди, малини, боровинки, цреши, јаболка, круши, дуњи”, оцени проф. д-р Зоран Кесеровиќ на научниот собир “Предизвици на овоштарството во Србија”.

Тој вети дека ќе му помогне на Ваљево во развојот на производството на овошје, но подвлече дека нема напредок без нова технологија и здружување. Тој го предложи моделот на Војводина во формирањето на Земјоделскиот фонд, како и дека државата преку Земјоделските стручни служби го финансира подигнувањето на насадите кои се одгледуваат во цела Србија.

Заменик градоначалникот на Ваљево, Драган Јеремиќ, смета дека е “Ваљево и целиот регион на маргините” што се однесува на инвестиции во земјоделството. Тој побара помош, професијата и локалната самоуправа заеднички да настапат пред Министерството за земјоделство со заеднички идеи поврзани со овој регион.

За време на отворањето на саемот, градоначалникот на Ваљево, Слободан Гвозденовиќ, рече дека оваа година, за субвенционирање на земјоделското производство, градскиот буџет определи 16 милиони динари, но и дека не можеме да се потпреме само на субвенции.

“Имаме цврсти ветувања од Владата на Србија, дека овде во најкус можен рок ќе биде отворена една фабрика за преработка на овошје и зеленчук, која ќе вработи 300-350 луѓе. Тука гледаме голема шанса за регионот на Ваљево, не само за оние кои ќе бидат вработени, туку и за сите оние кои се занимаваат со овоштарство и земјоделство воопшто, да ги пласираат своите производи и со тоа да го докажеме она што отсекогаш сме го тврделе – дека нашите села се најголеми фабрики за храна “, заклучи градоначалникот Гвозденовиќ.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close