fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Дочекавме 50 денари да е евтино за килограм ајварка!

Тоа значи дека и оваа есен граѓаните, некои со помалку тегли, некои со повеќе, ќе може да си дозволат да го направат овој наш традиционален и надалеку познат специјалитет. За жал, ќе има и такви што и по оваа намалена цена нема да може да ги купат и да си направат од вкусниот ајвар, бидејќи, освен пиперки, потребно е и масло, но и дрва за да се разгори огнот на печката на која треба да се испржи. – Кога има луѓе да купуваат, значи дека не им е скапо – коментираат луѓето

Иако веќе подолг период достигнуваше над 100 денари како, на пример, на Зелениот пазар или и до 180 денари на пазарот во Тафталиџе, цената на црвената пиперка, позната како ајварка, полека паѓа. На Бит-пазар, таа се продава по цена од 50 денари, а на Зеленото пазарче – до 70 и 80 денари за килограм. Додека, пак, на пазарот во Ѓорче Петров, црвената пиперка се продава по цена од 50 и 60 денари.

Тоа значи дека и оваа есен граѓаните, некои со помалку тегли, некои со повеќе, ќе може да си дозволат да го направат овој наш традиционален и надалеку познат гастрономски специјалитет.

За жал, ќе има и такви што и по оваа намалена цена нема да може да купат и да си направат од вкусниот ајвар, бидејќи, освен пиперки, потребно е и масло, но и дрва за да се разгори огнот на печката на која треба да се испржи.

– Кога има луѓе да купуваат, значи дека не им е скапо. Кој може – ќе јаде, кој нема пари – ќе гледа – коментираат луѓето.

Додека повеќето од граѓаните реагираа дека црвената пиперка е изгор и дека оваа есен ќе се откажат од правењето ајвар, оние што ја произведуваат ја оправдуваат високата цена, бидејќи производството е тешко, а и временските услови придонесуваат за помал род.

– Ние имаме плац од 6.000 квадратни метри. Годинава нема ни зрно грозје ни дуњи, а од малкуте домати што ги насадивме, сè пепел се стори. Се чудам од каде на пазарите! – вели Алтана Димитровска.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close