fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Како се одгледуваат јагоди во јаглен

Јаглен наместо земја, бидејќи, освен што е пет пати поевтин, спречува и габични заболувања

Палестински одгледувач на јагоди, оставен без вода на Западниот Брег, окупиран од Израел, се свртел кон нови методи за наводнување – и вели дека открил изненадувачки придобивки за здравјето на посевите. Високите цени на водата довеле до нов начин на одгледување со аквапонски систем.

Тој направил одржлив систем кој комбинира одгледување на билки со фарма за риби (одгледување риби во рибник). Системот ја намалува отпадната вода бидејќи кога ги залеваат билките вишокот на вода се враќа во резервоарот или во рибникот. Освен тоа, станува збор за вертикален систем, па јагодите се берат како плодовите што растат на дрвја.

Овој земјоделец за кој известуваат Радио Слободна Европа, но и други медиуми користи јаглен наместо земја, бидејќи, освен што е пет пати поевтин, спречува и габични заболувања. Водата од рибникот со 20.000 риби се пречистува со минување низ слој јаглен, а резултатите, вели, се извонредни, сладоста на плодовите добиени на овој начин е исклучителна.

Инаку, Израел контролира 80 отсто од водата на окупираниот Западен брег.

Окупацијата на палестинските територии од страна на Израел е систематско кршење на човековите права во масовни размери, а една од нејзините најпогубни последици е влијанието на дискриминаторската политика на Израел врз пристапот на Палестинците до адекватни резерви на чиста и безбедна вода.

Набргу откако Израел го окупираше Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим и Појасот Газа, во јуни 1967 година, израелските воени власти ја консолидираа целосната моќ над сите водни ресурси и инфраструктурата поврзана со водата во окупираните палестински територии (ОПТ). По 50 години, Израел продолжува да го контролира и ограничува палестинскиот пристап до вода во ОПТ до ниво кое ниту ги задоволува нивните потреби ниту претставува правична распределба на заедничките водни ресурси.

Повеќе за ова, како и видеото, ќе ги најдетеhttps://artkujna.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close