Доделени субвенции за млад земјоделец
Владата додели 4 милиони евра субвенции за младите фармери кои аплицирале за проширување на бизнисот.
Шеесетина млади земјоделци од скопско, тетовско, гостиварско, кумановско и велешко денеска ги потпишаа првите договори за добивање 10 илјади евра неповратна парична помош со која ќе можат да отворат сопствен бизнис.
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски најави дека до крајот на годинава ќе бидат склучени вкупно 424 договори за поддршка на млади земјоделци.
Во рок од 6 месеци ќе треба да ги реализираат активностите кои ги пријавиле. По извршените контроли ќе ги добијат парите.
Земјоделците велат дека парите ќе ги искористат за набавка на нова механизација и изградба на нови капацитети. Николовски најави и дека од следната година ќе има зелена нафта во земјоделството.