fbpx
Вести

Доделени се медоносни дрвца на пчеларите од Македонска Каменица

pceli

Здружението на пчелари  „Еко кам мед“ од Македонска Каменица додели 360 медоносни садници на членовите на пчеларското здружение.

Како што истакна претседателот на друштвото Боге Јанковски  поделени се медоносни дрвца од видовите „Styphnolobium japonicu“ и„evodia“ кои пчеларите треба да ги засадат во своите пчеларници за да се подобри приносот на мед.

– Засадувањето на овие дрвца е важно и од голема корист на пчеларите, бидејќи овие дрвја цутат во подоцните месеци во годината, кога веќе престанува цветната паша на пчелите. Оваа мерка здружението ја реализира со помош на општина Македонска Каменица која ѝ годинава даде поддршка на невладиниот сектор за реализација на своите програми. Едно пчелно семејство може да даде и до 40 килограми мед годишно, а имајќи ја предвид цената на медот на пазарот – пчеларството претставува финансиски значителено исплатлива дејност, рече Јанковски.

Потенцираше дека здружението на граѓани „Еко Кам Мед“ за годинава има планирано повеќе активности.

– Ќе одржиме обуки и набавка на литература за пчеларите од Македонска Каменица. Здружението ќе организира и посета на пчеларници надвор од Македонска Каменица со што пчеларите ќе можат да остварат контакти и размена на ускуства со пчеларите од другите региони, рече Јанковски.

На настанот присуствуваше и градоначалничката, Соња Стаменкова која издрази задоволство од активностите на Здружението и најави зголемена соработка и помош кон пчеларите.

„Еко Кам Мед“ има над 60 членови, а во последно време има зголемен интерес кај младите од Македонска Каменица за да се занимаваат со пчеларство.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close