fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Договорениот тутун се уште не е откупен, на некои откупи се откупува вишокот на тутун

Од Тутунски комбинат Прилеп велат дека договорениот тутун во оваа компанија е откупен. -Ние кај нас ги преминавме договорените количини, а тоа значи дека се друго што ќе откупуваме до крајот на откупот ќе биде вишок на тутун, изјави Кире Станкоски, директор на ТК Прилеп за Зелена берза

Се уште не е откупен договорениот тутун, а на некои откупни места  почна да се откупува и вишокот на тутун, вели Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија.

-И претходно кажавме дека договорениот тутун ќе се откупува до 20 февруари,  што значи се уште не е откупот завршен во одредени региони. Но деновиве на дадени откупни пунктови почна откупот на вишокот на тутун. Сепак како ќе продолжи откупот на тутун ќе се знае денеска по средбата со откупувачите и министерот Хоџа, вели Стомнароски за Зелена берза.

Средбата на тутунарите со откупувачите и МЗШВ е закажана за во 11 часот во Скопје. На средбата ќе присуствуваат и членовите на Иницијативниот одбор кои ги организираат протсетите на тутунарите.

Од Тутунски комбинат Прилеп велат дека договорениот тутун во оваа компанија е откупен.

-Ние кај нас ги преминавме договорените количини, а тоа значи дека се друго што ќе откупуваме до крајот на откупот ќе биде вишок на тутун, изјави Кире Станкоски, директор на ТК Прилеп за Зелена берза

Игор Мирчески од ИО вели дека не може ковид мерката да служи за покачување на просечната цена. Односно со помош од 10 до 12 денари да бидат покриени загубите од 60 до 90 денари што ги имаат тутунарите со катастрофално ниските откупни цени.

-Субвенција од по 100 денари за сите класи е тоа што може да ја намали овогодинешната загуба кај тутунарите. Ова е наш став цело време и нема да го промениме, вели Мирчески.

 

А.Блажевска

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close