fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Шест кавадаречки фирми со профити поголеми од милион евра!

Кој ја дрма Тиквешијата?

Кавадаречката економија е македонско бизнис чудо. Континуирано генерира раст, хетерогена е и многу отпорна на шокови. И на големиот тест лани, во годината на глобалното зло – корона вирусот, се покажа како многу жилава и успешна. Има шест компании со профити поголеми од еден милион евра, а пет од нив се во најпофитабилните сто домашни компании

Кавадарци од секогаш бил синоним кај помалите општини за силна, здрава, хетерогена локална економија. Верувале или не Кавадарци во најголемиот ек на корона кризата лани изнедри шест компании кои имаат профити повисоки од еден милион евра. Само една од нив е странска гринфилд инвестиција и таа го има најмалиот профит во оваа „премиер бизнис лига“. Оd тие шест компании три се домашно поседувани и тоа од бизнисмени кои живеат во Кавадарци или имаат потекло од градот на виното.

Најпрофитабилна кавадаречка компанија лани е „ИГМ Трејд“, голема компанија од челичната индустрија специјализирана за производство на различни челични профили. Добивката на компанијата на еден од најбогатите кавадарчани Илија Гечев лани е 15,1 милиони евра, што е за 138 отсто повеќе од 2020 година.

Очекувано во најдобитните тиквешки фирми е македонскиот гигант и единствена топилница за феро-никел „Еуроникел Индустри“. По стечајот во 2019 година, компанијата како „Феникс“ се враќа на старите патеки. Добивката лани иако за 33 отсто пониска од 2019 година е 7,1 милиони евра.

Одличен резултат лани имаше локално поседувана компанија специјализирана за рударски копови „Машинокоп“ ДООЕЛ која успеа да го зголеми профитот за 44 отсто. Тој изнесува 3,6 милиони евра.

Македонската подружница на глобалната тутунска копрорација „Алајанс Уан Македонија“, најголем извозник на тутун од Македонија лани годината ја заврши со добивка од 2,2 милиони евра што е за 2 отсто подобар резултат од претходната година.

Здравствената компанија специјализирана за дијализа „Нефроплус“ минатата година ја заврши со добивка од 1,65 милиони евра, што е резултат на ниво од претходната 2019 година.

И најмал лани во милионерски добитници е гигантот „Дрекслмајер“ компанија која е голем генератор на работни места во тој дел од Македонија. Неговата добивка лани изнесува 1,2 мил.евра, а како последица од корона кризата добивката е пониска за 60 отсто.

Повеќе за „крваната слика“ на кавадаречката економија на следниот линк 

 

https://faktor.mk/koj-ja-drma-tikveshijata-shest-kavadarechki-firmi-so-profiti-pogolemi-od–milion-evra

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close