вестиЛов и риболов

Дојранската пирана привлече голем број рибари

(Oвој напис е објавен на: март 1, 2017)

Последните десетина дена бројот на издадени дневни дозволи за рекреативен риболов во Дојранското езеро се зголемил за околу 200 отсто, вели концесионерот Илчо Парчев. Според него, веста за појава на пирани во езерото го зголемила интересот кај спортските риболовци.

dojranskata pirana privleche golem broj ribari

 

Сите сакаат да ја фатат оваа необична риба и самите да се уверат дали таа постои во езерото или не. На Дојран веќе ништо не може да му наштети бидејќи се гледа оти работите се наместени вели Парчев, кој уверува дека и покрај секојдневното поставување мрежи низ целото езеро досега нема улов на риба што не е автохтона за ова поднебје и нема нови примероци на пирана.

Истото го потврдуваат и рибарите кои секојдневно се на брегот на Дојранското езеро и чекаат да уловат некоја невообичаена риба, но на крај денот го завршуваат со улов на црвеноперка, костреж, крап и сом, риби карактеристични за ова езеро.

Концесионерот нагласи дека покрај двата примероци на пирани кои се испратени на генетско истражување, деноноќниот мониторинг на езерото не потврдил присуство на озлогласената риба.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close