fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Српската влада дозволи извоз на храна од органско потекло

Прехранбени производи од органско потекло се оние кои се произведуваат на органски, природен начин, поточно без употреба на вештачки средства во производниот процес – пестициди, хербициди, вештачки минерални ѓубрива и разни хемикалии и без употреба на ГМО (генетски модифицирани организми)

Српската влада ги иззема прехранбените производи од органско потекло од забраната за извоз на основните земјоделски и прехранбени производи.

„Имајќи ги предвид малите површини каде во Република Србија се одвива органско производство – сектор кој сè уште се развива во Србија, како и фактот што овие производи првенствено се наменети за извоз, се проценува дека ослободувањето од постојната забрана не го загрозува домашниот пазар и прехранбената безбедност на населението“, се наведува во соопштението на српската Влада.

Прехранбени производи од органско потекло се оние кои се произведуваат на органски, природен начин, поточно без употреба на вештачки средства во производниот процес – пестициди, хербициди, вештачки минерални ѓубрива и разни хемикалии и без употреба на ГМО (генетски модифицирани организми).https://www.slobodnaevropa.mk/a/31803545.html

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close