fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Доларот и натаму паѓа, еврото расте

Доларот ослабна петта недела по ред, а еврото е најсилно за период од една година.

Катастрофалниот период за доларот продолжи и во втората недела од април. Американската валута ослабна петта недела по ред. Курсот на еврото за прв пат по една година се искачи над 1,10 долари, пренесува Investor.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела се лизна за 0,5 отсто, на 101,55 поени.

Вредноста на доларот се намали за 0,8 отсто во однос на еврото, но курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми за 1,2 отсто.

Минатата недела податоците покажаа дека растот на потрошувачките цени во март забави повеќе од очекуваното, од 6 на 5 отсто на годишна основа, додека производствените цени паднаа за 0,5 отсто во истиот месец во однос на претходниот месец.

Овие податоци покажуваат дека заострувањето на монетарната политика на американската централна банка дава резултати, дека инфлацијата стивнува и дека пазарот на трудот, а со тоа и притисокот врз растот на потрошувачката и платите, се „лади“.

Инвеститорите веруваат дека циклусот на зголемување на каматните стапки на Американската централна банка се ближи кон крајот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close