fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Доларот најсилен во последните 20 години

Еврото продолжува да слабее

Утрово на девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути достигна ново највисоко 20-годишно ниво.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 109,40 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 108,78 поени.

Утрово курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 137,40 на 138,59 јени.

Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 0,9929 долари, најниско ниво во последните 20 години, додека во петокот вечерта беше 0,9963 долари.

Еврото е под притисок бидејќи ризикот од рецесија во Европа се зголемува поради енергетската криза, додека од друга страна ЕЦБ ќе мора дополнително да ја заостри својата монетарна политика.евро

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close