fbpx
Вести

Домашните животни се враќаат во шталите

Државата со 6 милиони денари ќе ги заштити расите на домашен бивол и на домашните коњ, магаре и кокошка. Во исто време ќе се собира и семенски материјал од македонското куче шарпланинец. Семенски материјал од сите ќе се чува на посебно место со цел да не се изгуби домицилната раса.

Експертите велат дека постапката е за поздравување и објаснуваат дека се прави со цел да се заштити биодиверзитетот на Македонија бидејќи се повеќе се оди кон вкрстување со други раси и постои опасност од исчезнување на автохтоните расите. Во истата ген-банка ќе се чува и семенски материјал од овцата праменка, свињата шишка и кравата буша. Земјоделците велат дека многу е позитивно зачувувањето на домашните сорти, кои со векови биле адаптирани на македонски услови.

domashnite zhivotni se vrakjaat vo shtalite

 

Голема отпорност

Професорите од Факултетот за земјоделски науки и храна велат дека ова се мерки што мора да ги има секоја држава. Според нив, иако нашите раси се нископродуктивни и речиси секогаш се оди кон нивно вкрстување со увозни раси, сепак треба да се има предвид дека се поотпорни на надворешни услови и дека се приспособени да живеат на наша почва.

– Ова се раси што се нископродуктивни и за да се добие повисока продуктивност на млеко, месо најчесто се вкрстуваа со странски раси. Со текот на времето се губи првичната раса. Потегот е одличен бидејќи ако нешто не се преземе, постои опасност засекогаш да се изгубат изјави неодамна за „Дневник” деканот на Факултетот, Драги Димитриевски.

Во Сојузот на земјоделците на Македонија велат дека повеќето од нивните членови ги паметат времињата кога нашето сточарство било само со домашни говеда или свињи.

konj

Генски резерви на добиток

– Можеби млекото беше во помали количества, но млечната масленост беше многу висока. Нашите крави се чуваа на пасиштата, овците лесно се приспособуваа на студените зими, a коњите и магарињата носеа големи товари. Секоја држава си има раси и сорти што треба да се чуваат вели Вељо Тантаров, претседател на Сојузот.

Во Министерството за земјоделство велат дека целта е зачувување на генската варијабилност и генските резерви на добитокот.

Кај говедарството треба да се посетат 40 одгледувачници со опфат на 400 говеда. Кај коњарство се бара карактеризација на сите приплодни машки и женски возрасни коњи од домашниот коњ и од домашното магаре во избраните локации.

Притоа, ќе се согледа многубројната состојба на сите фарми и локации каде што се одгледуваат биволи, магариња и коњи. Ќе се формира и база на податоци за заштитени раси со пополнет евиденциски лист за зоо техничка оцена на домашните раси. Следен чекор е конзервација, односно собирање приплоден и генски материјал како семе, јајце-клетки, ембриони, ткива, крв, влакна и др. Во генскиот материјал задолжително ќе се земат и конзервираат одредени дози сперма, а собраниот материјал ќе треба да се конзервира посебно кај говеда од расата буша и домашниот бивол.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close