fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Домашното производство е клучот

Македонија го губи приматот што некогаш го имала во производството на афион, сончоглед, шеќерна репка, памук, маслодајна репка, свила и жито.

Македонија го губи приматот што некогаш го имала во производството на афион, сончоглед, шеќерна репка, памук, маслодајна репка, свила и жито. Некои од овие индустриски култури се комплетно исчезнати од македонските ниви, некои сѐ помалку се сеат, а површните со некои од нив континуирано се намалуваат или стагнираат. Од друга страна, Македонија троши милиони евра за увоз на финалните производи од овие култури, и покрај тоа што има услови за домашно производство. Пандемијата ја покажа потребата од домашна суровина за преработка, која доколку се обезбеди со планирано и договорно производство, ќе биде најсигурно и најевтино за произведувачите, но и за македонските потрошувачи затоа што засега за ваков вид суровини македонскиот пазар е зависен од увоз. Тоа го потврди и последниот раст на цената на маслото за јадење. Во последните две години цената пораснала за речиси 30 отсто, производителите на маслото за јадење велат дека растот на цената бил неизбежен бидејќи цените на светските берзи во последниве шест месеци двојно се зголемени, а тие мора да ја следат таа цена.
Упатените во секторот земјоделство велат дека главна причина за генералното поскапување на македонските производи се сѐ помалото домашно производство на земјоделски продукти и недостигот од суровини во земјава, кои се увезуваат по сѐ повисоки берзански цени на меѓународниот пазар.

Од институтот за економски политики и истражувања „Фајненс тинк“ истакнуваат дека за две години цената на маслото за јадење на домашниот пазар пораснала за 28,6 отсто.
– Половина од тој раст е направен во последните шест месеци, односно пораст од речиси 15 отсто е регистриран во периодот од октомври 2020 г., па досега – анализираат од „Фајненс тинк“.
Само во 2020 година, цената на суровото сончогледово масло се зголеми за 16,4 отсто во четвртиот квартал, споредено со првиот квартал од годината, додека во првиот квартал од 2021 година зголемувањето е за цели 35,7 отсто во однос на првиот квартал од 2020 година.
– Земјите без домашно производство на растителни култури за производство на масло, како сончогледот, се директно изложени на глобалните шокови врз цените. Маслодајните растенија учествуваат со само 0,1 отсто во вкупното растително производство на Македонија. Во отсуство на значително производство на маслодајни растенија, производството на масло за јадење во земјава се базира на увозни сировини. Оттука, глобалните шокови врз цените на маслата за јадење директно се пренесуваат во домашната економија – додаваат од „Фајненс тинк“.
Како што вели Љупче Станковски, претседател на здружението на земјоделци „Агрофаланга“, има повеќе фактори што придонеле за некои од индустриските култури тотално да исчезнат од нивите или, пак, површините да се намалат, тоа се ниски приноси, ниски откупни цени, слободен увоз на суровини.

 

 

– Во деведесеттите година во Македонија имало околу 30.000 хектари со сончоглед, но годините потоа површините бележат континуиран тренд на опаѓање. Намалувањето на површините со сончоглед може да се припише на дејствувањето на повеќе фактори. Главно тоа се надворешни фактори, и тоа движењата на цените на светскиот пазар на семе од маслодајни култури и цените на суровото масло. Потоа, застарена и недоволна механизација, користење нископриносни сорти, доцнење со плаќањето од страна на преработувачите и во одредени години ниската откупна цена – вели Станковски.
Сево ова, истакнува тој, особено конкуренцијата со увезеното сурово сончогледово масло со пониски цени во изминатите години, ја прави културата непрофитабилна.
– Ние имаме наш капацитет „Благој Ѓорев“ во Велес, за обработка на масло од сончоглед, но поради недостиг од суровини, работи со мал капацитет, претежно повеќе работи за рафинирање на маслото – објаснува Станковски.
Тој вели дека се увезува сурово масло, кое се рафинира во готов производ и тогаш се пласира на пазарот, додавајќи дека во овие услови, кои значат нарушување на пазарот поради пандемијата, големи осцилации значат покачување на цените и плаќање на многу повисоки финансиски средства за истото потребно количество на производот во Македонија.https://www.novamakedonija.com.mk/ekonomija/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close