fbpx
Вести

Почнува сеидбата на оризот

Неделава и официјално треба да почне сеидбата на оризот. Вода има доволно за 5.000 хектари со оваа култура или за скоро 200 хектари повеќе од лани.

pochnuva seidbata na orizot

 

Во моментов со зафаќаат води од Оризарска река и се пуштаат во нивите по соодветен редослед.

Лани беа ожнеани 24 илјади тони оризова арпа со просечен принос од 5.600 до 5.800 килограми од хектар.

Откупната цена беше ниска поради што субвенцијата беше зголемена од 11 на 21.000 денари по хектар.

Сепак залихите кои не се извезоа, а на земјоделците не им одговараше евтино да ги продадат, ја зголемиа понудата и предизвикаа нарушување на домашниот пазар.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close