вести

Донирани шест тони храна за поплавените животни

Шест тони добиточна храна досега е поделена за животните во поплавените региони. Храната до фармерите стигнала со посредство на Агенцијата за храна и ветеринарство која во соработка со Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството веднаш по катастрофата го пребројуваа преживеаниот добиток.

donirani shest toni hrana za poplavenite zhivotni

 

Од АХВ велат дека нивните екипи се на терен и дека евидентирање на живата стока и потребите за нив ќе продолжи се до стабилизирање на состојбата.

“Станува збор за храна за животните која ја донираат правните лица увозници или производители на добиточна храна и која се распоредува на сточарите на нивно барање, зависно од потребите и бројот на грлата со кои моментално располагаат”, ни рекоа вчера од АХВ.

Според АХВ, количините на добиточната храна која ќе се донира се определува врз основа на извршената контрола на податоците за бројната состојба на грлата евидентирани во Ветеринарно информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, направената проверка на видот и бројноста на грлата на самото место и нивно споредување со количините кои ги побарува сточарот.

Од АХВ вчера уште еднаш апелираа до сопствениците на животните да го пријават секое пцовисано или исчезнато грло на матичниот ветеринар од надлежното ветеринарно друштво со кое имаат склучено договор или до Агенцијата за храна и ветеринарство чии екипи се на терен. Оттаму ги предупредуваат фармерите сами да не ги отстрануваат мршите, бидејќи истите се потенцијален извор за појава и ширење на зарази.

До неделата екипите на АХВ од калта извлекоа над 1.600 пцовисани животни од кои најголемиот дел се кокошки.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close