fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Димковски и Бабовски во Новаци: Создаваме еднакви услови за развој на сите региони на државата со посебен акцент на руралните подрачја

Министерот за земјоделство, шумaрство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и градоначалникот на општина  Новаци, Љубе Кузмановски, денеска ги посетија локациите кадешто се оваа општина ги реализира  капиталните инвестиции преку мерките од Програмата за рурален развој.

Министерот Димковски, изјави дека со ефикасно искористување на мерките од Програмата за рурален развој, наменети за општините ќе  се решат проблемите со комуналната и патната инфраструктура во руралните општини.

„Оваа населено место за прв пат асфалтно се поврзува со општината Новаци и другите населени места.  Овде живеат околу 50 жители, и овие проекти се важни за да имаат добри пристапни патишта, брз транспорт и поврзување со градовите“,  изјави министерот Димковски.

Општина Новаци конкурираше со проекти за реконструкција на локалниот пат од с. Тепавци до регионалниот пат и проект за изградба на пристапен пат до манастир Св.Атанасиј во с.Старавина.

Директорот Бабовски, посочи дека општината Новаци е добар пример како да се реализираат проектите кои се значајни за граѓаните од руралните средини. Вкупната финансиска поддршка за трите проекти изнесува 30,4 милиони денари.

„ Преку Програмата за рурален развој се трудиме да создадеме еднакви услови за развој на сите региони на државата и со посебен акцент на руралните подрачја. Овие проекти ќе овозможат подобрување на животот на жителите од руралните средини. Овој патен правец, прв пат добива асфалт, претходно беше макадам и кал.“- истакна Бабовски

Градоначалникот на Новаци, Љубе Кузмановски истакана дека овие проекти го развиваат овој регион и овозможуваат развој на манастирски туризам.

„ Изградбата и асфалтирањето на овој пат е во висина од околу 19 милиони денари, средствата се од Програмата за рурален развој. Освен овој проект со средства од истата програма изградивме и пат до манастирот во Старавина со што значително прдонесува за развој на нов вид на туризам во овој регион“, изјави градоначалникот Кузмановски.

За трите мерки од Програмата за рурален развој беа пристигнаа над 200 барања со подготвени капитални проекти од сите 80 општини и 8 Плански региони, за чијашто реализација Владата на Република Северна Македонија одобри 38 милиони евра преку Програмата за рурален развој, информираат од МЗШВ.

Слични написи

Back to top button
Close