fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Досега се откупени 120 илјади јагниња по цена од 220 до 250 денари кг. жива мера

Трипуновски вели за празникот се очекува да се откупат 8 до 10 илјади јагниња.

Во моментот е шпицот на откупот на јагнињата, досега се откупени 120 илјади јагниња а цената се движи од 220 до 250 денари, односно просек од 235 денари, вели министерот Цветан Трипуновски, во емисија на 24 вести. Откупот ќе заврши со завршувањето на празникот Велигден.

„Во Македонија во текот на целата година се откупуваат од 180 до 200 илјади јагниња, тоа  е податок од лани, досега се откупени 120 илјади, а за празникот се очекува да се откупат 8 до 10 илјади јагниња. Го следиме како министерство и откупот на јагнето што е со поголема тежина што не се продаде за Божик. Имаме квалитетно јагне, рече министерот. Според него секој фармер мора да продаде минимум 50 проценти од јагнињата за да може да ги искористи мерките за субвенции што ги дава државата.

Во изминатите девет месеци дадовме голем фокус на сточарите, вели министерот.

„Ги зголемивме субвенциите за овчарите за 50 проценти. Субвенцијата за грло овца изнесува 3000 денари, дополнително литар овчко млеко од 6 денари ја зголемивме субвенцијата на 7 денари. За органско производство има дополнитена субвенцијата од 1500 денари по грло. Имаме мерка за зголемување на основното стадо за 30 проценти, што значи зголемени 30 проценти субвенции, рече Трипуновски.

За сточарите околу настапот на пазарите, задругарството е една од опциите.

„Ја корисатам приликата да ги поттикнам фармерите да се здружат во земјоделски задруги кои ќе имаат поволности и како сериозен фактор ќе можат да настапуваат и во делот на пазарите. Зошто да не формираат и своја фирма, кланица, за откуп на јагне“, рече министерот.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close