fbpx
ВестиТоп вести

Закуп на државно земјиште до три хектари

Во шест општини е објавен оглас за закуп на нови 860 хектари државно земјоделско земјиште. Парцели кои се нудат се до три хектари, а предност за закуп на овие површини има населението во близина на нивите, односно земјоделците кои ќе произведуваат едногодишни и повеќе годишни култури.

Вкупно на огласот се понудени скоро 860 хектари во Неготино, Берово, Пробиштип, Кисела Вода, Кичево и во Прилеп. Нивите можат да се користат за одгледување на едногодишни и повеќегодишни култури, за лешници и за рибници. Времетраењето на закупот е од 15 години до 70 години.

Право на учество на јавниот оглас имаа лицата кои немаат склучено важечки договор за закуп со Mинистерството за земјоделство, а максималната површина за која може да се  конкурира е до три хектари.

Изборот на најповолен понудувач се врши врз основа на највисока понудена годишна закупнина за хектар, а предност односно најголем број бодови ќе има населението во близината на земјиштето.

Почетната цена на закупот за хектар се утврдува во зависност од местоположбата и од катастарската класа.

Понудите се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close