
Доста е со игри врз грбот на земјоделците – реакција на Националната земјоделска мрежа
Алармантната реалност на македонскиот земјоделец е целосен егзистенцијален колапс
ЈАВНА ПОРАКА ДО ПОЛИТИЧАРИТЕ! – реакција на Националната земјоделска мрежа
Доста е од игри врз грбот на земјоделците и народот!
Три децении слушаме лажни ветувања за подобро утро, додека вие ги уживате привилегиите на власта, а ние се бориме за гол опстанок.
Ова повеќе не е политика – ова е отворена експлоатација и класичен апархејт каде малобројни ги користат благодетите, а мнозинството го тоне во беда и очај.
Алармантната реалност на македонскиот земјоделец е целосен
егзистенцијален колапс.
Работиме од утро до мрак со несигурен откуп и цени кои не ги покриваат ниту трошоците за семето и горивото.
Институциите се претворени во партиски бастиони кои се глуви за маките на обичниот човек.
Изгубивте секаква емпатија кон оние чии гласови ви овозможија да седите во фотелјите.
Почитувани народни избраници, време е да се загледате во огледалото и да сфатите каде ја туркате државата. Ова не е политички пост, ова е крик од душата на осиромашениот земјоделец и понижениот македонски народ.
Бараме итни одговори, одговорност и вистински отчет за секој изминат ден во кој ги игнориравте нашите потреби!
Земјоделецот неможе да трпи повеке Најсериозно сварете го овој апел од нас како земјоделци и граѓани!




