
Националната земјоделска мрежа со соопштение – ОДЛУЧЕН БОЈКОТ И МОРАТОРИУМ НА НЕОДРЕДЕН ПЕРИОД!
Националната земјоделска мрежа со соопштение
Националната земјоделска мрежа со соопштение
ДО ИНСТИТУЦИИТЕ И ЦЕЛОКУПНАТА ЈАВНОСТ ОДЛУЧЕН БОЈКОТ И МОРАТОРИУМ НА НЕОДРЕДЕН ПЕРИОД!
Почитувани колеги, земјоделски производители,
На 30 септември 2026 година, во Тополчани, јасно и гласно ги доставивме нашите барања пред Владата на Република Македонија. Законскиот рок за одговор истече.
Одговор нема.
Игнорирањето на нашите гласови од страна на институциите е директен доказ дека земјоделството и земјоделците се сведени на нула и се туркани на маргините на општеството. Ова молчење нема да го трпиме повеќе. Последиците од оваа негрижа веќе директно удараат по секојдневниот стандард на секој граѓанин и го загрозуваат елементарниот опстанок на нашите семејства.
Националната земјоделска мрежа ги сведува своите активности на минимум. Доста беше борба со затворени врати и институционален ѕид.
Од овој момент, нашиот фокус се префрла исклучиво кон реални проекти и градење цврста соработка со меѓународни сродни организации кои ја разбираат нашата вредност. Моќта на одлучување и одговорноста за иднината на државата се во рацете на институциите и народните избраници.
Ние нашиот избор го направивме – продолжуваме да се бориме за нашето достоинство надвор од нефункционалниот систем!




