fbpx
ВестиМакедонија

Дожд, северен ветер и пад на дневните температури

Од вторник ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и со појава на локални слаби врнежи од дожд и снег.

Облачно време со врнежи од дожд ќе преовладува денеска во земјава. Повремено врнежите ќе бидат поројни и на места со ретки грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во северозападните и источните делови од државата.

Поради продор на студена воздужна маса, освен на планините, врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник појава на снег ќе има и на некои пониски места. Ќе дува засилен северен ветер, локално и над 65 км/час, што ќе услови нагло намалување на дневните температури за седум до девет степени.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната од 5 до 12 степени.

Во Скопје, облачно со повремен дожд и со умерен до засилен северен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во околните повисоки предели врнежите ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Од вторник ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и со појава на локални слаби врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Во вторник во текот на денот ќе дува засилен ветер од северозападен правец.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close