Метеоролозите најавуваат вистински есенски денови. Ваквото време пак може да ги заглави тракторите и да им ја успори работата на земјоделците. Ако механизацијата остане во калта тогаш ќе мора да паузираат сите земјоделски активности за овој период, вклучувајќи ја и подготовката за есенската сеидба.
Долгото топло и суво време и сончевите денови овозможија некои култури дури и предвреме да созреат, да има поголеми приноси и земјоделците да го собератна останатиот дел од реколтата.
Од оваа недела се очекува промена на временската состојба со драстично зладување и со врнежи од дожд кои ќе го прекинат работењето на отворено, односно ќе ги заглават тракторите и механизацијата во калта на нивите.
Тешко ќе биде со собирањето на доцните сорти на винско грозје, јаболкото и на градинарските култури одгледувани без пластеници.
Во овој момент горниот слој на почвата до длабочината на орањето има доволно влага за подготовка на површините за есенска сеидба, но дополнителните врнежи во зависност колку ќе траат, толку ќе треба да се очекува и доцнење со почетокот на сеидбата.