вестиМакедонијаТоп вести

Забрана на лов на пастрмка во акумулацијата Стрежево

Во ЈП „Стрежево“ – Рекреативна зона „Акумулација Стрежево“ до 31 јануари 2021 година ќе има забрана на лов на пастрмка

ЈП „Стрежево“ – Рекреативна зона „Акумулација Стрежево“ најави период на забрана на лов на риби во месец декември.
Со цел оптимална заштита на рибниот фонд, концесионерот ЈП “Стрежево” – Битола согласно риболовната основа, во периодот од 01.10.2020 година до 31.01.2021 година воведува мерка “ЗАБРАНА НА ЛОВ НА ПАСТРМКА – Salmo macedonicus (Karaman, 1924)”.
Како специфична локација каде се мрести пастрмката се определува делот каде што река Шемница се влива во акумулацијата, во должина од 1.500 m од мостот во село Лера кон браната “Стрежево”.
За останатите видови на риби до крајот на годината риболовот е дозволен.
Следна забрана на позначаен вид на риба започнува на 1 февруари 2021 година со забраната на лов на штука.

Слични написи

Back to top button
Close