fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Дождовите се како нож со две острици за земјоделците – ќе бидеме среќни ако летово воопшто каснеме органска салата

Оние земјоделци коишто навреме не презеле мерки за заштита на своите производи, тие нема да видат ништо од родот, тврдат агрономите.

Ако не врне и ако е сушно времето, тогаш зошто не врне и зошто е сушно времето. Ако, пак, постојано врне и ако дождот не запира со недели, тогаш зошто постојано врне и зошто дождот не запира. Едно е јасно: на земјоделците и на земјоделските производи е тешко да им погодиш!

Токму во еден таков влажен период е зафатена земјава, а редовните попладневни дождови им предизвикуваат секојдневни главоболки на земјоделците, кои, иако подолго време немаат потреба да ги наводнуваат своите бавчи, сепак, реално стравуваат од опасностите кои ги носи самиот дождец за пиперките, доматите, краставиците…Оние земјоделци коишто навреме не презеле мерки за заштита на своите производи, тие нема да видат ништо од родот, тврдат агрономите.

Експертите објаснуваат дека редовните дождови, иако навидум претставуваат благодет за земјоделието, со себе носат и наезда од штетници кои ќе ги нападнат и ќе ги сотрат растенијата.
Еден од најдосадните штетници во нашиот регион, појаснуваат агрономите, е познатата „пламеница“, која ќе ги стори „пепел“ и доматите, и краставиците, и пиперките…

-Сѐ уште е рано за главоболки, но според актуелната состојба со дождовите, порано или подоцна, секако дека земјоделците ќе ги боли глава поради штетите. Ако сакаат да си го заштитат родот од штетниците кои со сигурност ќе ги има во голем број, тие треба со специјални хемиски средства да испрскаат и на отворено и во пластениците. Оти, кога веќе ќе нападне „пламеницата“, земјоделците нема да имаат време да ги спасуваат растенијата. Од друга страна, во последните години забележуваме дека сѐ помалку земјодеци го штитат својот род, а тоа може да се должи и на скапотијата, бидејќи репроматеријалите и заштитните средства не се баш евтини – објаснува агроном од Скопје.

Денар разговараше и со земјоделец од околината на скопското село Орман.

-Свесни сме за опасностите од штетниците кои се резултат на дождовите, но ние свесно не планираме ништо да преземеме околу таа природна појава. Нашите производи се целосно природни и органски, па не сакаме да ги прскаме со пестициди и со разни хемии. Нема да ни биде првпат да ни се случи целосно фијаско и на крајот да си останеме со празни раце. Пред неколку години имавме ваков сличен дождлив период кој ни донесе наезда на штетници. Потоа, цело лето си купувавме домати и краставици од пазар за да би каснале шопска салата. Не би ме чудело и сега да нѐ снајде истото – вели низ шега 70-годишниот Живко.

Факти за пламеницата:

-Го напаѓа листот на подовите, најчесто на зелката, карфиолот и брокулата
-Првите симптоми се јавуваат во облик на пеги со зеленкасто светла боја, неправилен облик, кој постепено угинува

-Идеални услови за развој на пламеницата се долготрајно врнежливо време.https://denar.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close