fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Која е македонска кралица на млекото?

За две години подели осум милиони евра дивиденда!

Држи повеќе од половина од целото домашно производство на млеко, а снабдува третина од целиот домашен конзум на млечни производи. Најголемата домашна млекарница води грижа за илјадници Македонци, но дарежлива е и за своите акционери на кои во дивиденда им исплати лани пет милиони евра

Македонија годишно конзумира млечни производи вредни над 150 милиони евра, покажуваат неофицијални збирни податоци за целиот домашен пазар на млеко и млечни производи. Убедливо најголем учесник на македонскиот млечен пазар е Млекара Битола.

Најголемиот домашен производител е Млекара Битола која со децении наназад е најголем домашен производител на млеко и на млечни производи. Минатата година нејзините приходи изнесуваат вкупно 39,6 милиони евра, а од тоа продажбата на македонскиот пазар изнесува 37,2 милиони евра, а извоз се 2,4 милиони евра, покажуваат официјалните податоци наведени во извештајот на независната ревизија (единечен извештај).

Најголемата млекарница во земјава, која вработува повеќе од 200 лица, ланската година ја завршила со добивка од 2,4 милиони евра што е за 20 отсто помал профит во споредба со претходната година.https://faktor.mk/

Лани и претходната година најголемата македонска млекарница исплатила 8 милиони евра на своите акционери. Дури 99 отсто од парите за дивиденда отишле во странство кај двата најголеми акционери: српската млечна индустрија ИМЛЕК која поседува 74,6 отсто од акциите и холандскиот фонд CEE Investmets кој управува со 24,4 отсто од акциите. Остатокот од 1 отсто е кај домашни акционери – физички лица кои поделиле 80.000 евра дивиденда во овие години. За лани компанијата исплатила 46 евра дивиденда за секоја акција со право на глас.

На што троши најголемата македонска млекарница?

Најголема расходна ставка се суровините и материјалите за кои компанијата лани платила 13,7 милиони евра. Втора по големина расходна ставка, очекувано, се трошоците за амбалажа за кои Млекара Битола дала 4 милиони евра. Вработените со бруто платите лани ја чинеле компанијата 2,5 милиони евра, 2,1 милиони евра се платени за транспортни трошоци. За струја и за течни горива т.е. енергенси Млекара Битола лани платила 1 милиони евра, а од покрупните ставки издвојуваме дека се платени по 100.000 евра за осигурување и за регрес за годишен одмор (популарно познатиот К-15).

Повеќе информации за македонската млечна индустрија во анализата на „Фактор“ на следниот линк  https://faktor.mk/napravija-120-milioni-evra-koi-se-najgolemite-makedonski-mlekarnici

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close