Дознаваме-Шапуриќ наскоро заминува во пензија, на негово место Станкоски од „Секе“?!
Неофицијално дознавме дека местото директор на Државниот земјоделски инспекторат ќе го заземе Јане Станкоски актуелен менаџер на Тутунскиот комбинат „Секе“ од Прилеп.
Зелена берза дознава од извори од Владата на Македонија, дека поради исполнување на услови за старосна пензија Владата наскоро треба да констатира престанок на мандатот на директорот на Државниот земјоделски инспекторат Зоран Шапуриќ, кадар на ЛДП.
Неофицијално дознавме дека неговото место ќе го заземе Јане Станкоски актуелен менаџер на Тутунскиот комбинат „Секе“ од Прилеп, кој на последните локални избори беше ностел на листата на ЛДП и ДОМ во Прилеп.
Шапуриќ е ветеран на македонската политичка сцена, беше пратеник, градоначалник на Општина Кисела Вода, министер за животна средина во чиј мандат се направија сите најзначајни инвестиции во НП Пелистер- Битола, како едукативните патеки, видиковци, реновирање на „Вилата на Лазо“ и брендирање на мечката која ја постави пред овој објект како заштитен знак на планината. Ја започна и пречистителната станица која со неговото заминување од министер запре изградбата на проектот, и до ден денешен не е завршена во целост. Во последниот период Шапуриќ беше советник во Советот на град Скопје, министер без ресор задолжен за инвестиции во малите бизниси, а од 2019 година, ја извршуваше функцијата директор на Државниот земјоделски инспекторат.
Анета Блажевска