fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Драматичен пад на продажбата на нови автомобили во Европа

Кризата со чипови ја намали понудата на нови возила.

Продажбата на нови автомобили во Европа е намалена за 29 отсто во октомври во споредба со истиот месец лани. Тоа е најлошата продажба во октомври откако се мери, бидејќи кризата со чипови ја намали понудата на нови возила.

Регистрациите на нови автомобили во Европската унија, Обединетото Кралство и земјите од Европската асоцијација за слободна трговија се на ниво од 798.693 возила, се наведува во извештајот на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).

Hyundai, Kia, Porsche и Smart остварија раст на продажбата и покрај падот на пазарот, додека Jaguar и Ford забележаа драстичен пад.
Падот од 42 отсто на испораките на групацијата „Фолксваген“ во октомври значи дека „Стелантис“ го престигна како најпродаван европски производител на автомобили, но продажбата и на оваа групација падна за 32 отсто.

Stellantis продаде 165.866 автомобили минатиот месец, во споредба со 165.309 автомобили на Volkswagen Group.

Брендовите кои работат во рамките на групацијата VW го прекинаа производството неколку пати оваа година, вклучително и главната фабрика на „Фолксваген“ во Волфсбург, Германија, поради недостаток на полупроводници, пишува Ревијахак.

Групацијата VW, како и другите производители на автомобили, им даваат предност на нивните најпрофитабилни марки и автомобили во производството, односно кон нив приоритетно се насочуваат чиповите. Така, Porsche во октомври ја зголеми продажбата за 13 отсто.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close