вести

Русија не може да произведе нормални јаболки, Путин се чуди зошто тежат по половина килограм

Русија е позната по тоа што нема погодни услови за производство на јаболки, па во последно време со помош на генетиката сака да ја намали зависноста од „скапиот“ увоз и да се обиде да обезбеди домашен пласман.

Претседателот Владимир Путин неодамна посети плантажа за јаболки од сортата фуџи што се протега на повеќе од 62 хектари, а првите садници се од 2016 година. Поради оваа причина, дрвјата се уште се ниски и даваат по неколку килограми од стебло.

“Како тоа дрвата се мали, а јаболка се огромни”, рече Путин. Таквиот принос е последица на генетиката, му објасниле работниците на Путин. Така, некои примероци тежат повеќе од половина килограм:

Русија е најголемиот светски импортер на јаболка, бидејќи локалните сорти се полесно расипливи од оние што растат во Европа или Кина, а потрошувачите често го претпочитаат вкусот на увезените плодови.

Се повеќе и повеќе, Русија “го краде” принципот на „ноу хау“, со цел да го прошири својот земјоделски капацитет. Оваа стратегија им помогна во производството на пченицата и јачменот.


 

faktor

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close